Зврлевски: Во јавноста сум познат дека немам врска со политика

by fokus

Јавниот обвинител Марко Зврлевски пред пратениците во Собранието образложуваше дека совршено добро си ја вршел својата работа и дека неговото разрешување нема да биде никаква реформа.

Зврлевски рече и дека во јавноста бил познат како некој што нема никаква врска со политика.

По излагањето на јавниот обвинител, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара еден час пауза за да им се изготвен стенограм од говорот на Зврлевски. Претседателот Талат Џафери рече дека иако нема причина за такво нешто, ќе даде пауза од еден час, но поради тоа собраниската седница ќе продолжи една час подолго од предвиденото.

Поврзани новости