Генералот Марковски: Повратници на ИСИС во Македонија можат да спроведуваат одредени дејности во местата каде живеат

by fokus

Пензионираниот генерал Благоја Марковски, вели дека повратниците од воените активности на ИСИС во Македонија, би можеле да направат некакви дејности, по можноста за терористички напади во нашата држава.

„Осумдесет и три лица кои учествуваа во борбите на ИСИС веќе се вратени во Македонија. Контекстот може да го анализираме со овие податоци. Без оглед на степенот на безбедноста во Македонија, постојат одредени ризици од аспект на тоа што имало учесници во овие воени дејства, се враќаат со идеологијата на Исламската држава. Ако не на целата територија на Македонија, тогаш на своите микролокациски простори кадешто живеат, можат да спроведуваат одредени дејности на база на таа идеологија“, вели Марковски.

Поврзани новости