Фуере: Иванов направи невидена штета за имиџот на Македонија

by Фокус

Оваа одлука на претседателот Ѓорге Иванов за болиција направи невидена штета на имиџот на Македонија и го поткопа и она малку владеење на правото во земјата што беше останато по години на сериозна злоупотреба на моќта и корупција, пишува во колумна за Призма поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере.

„Тврдењето на владејачката партија дека не знаела за намерата на Претседателот се чини шуплива, особено ако се потсетиме на тоа дека во минатото партијата наметнуваше своја верзија на владеењето на правото. Иако Претседателот ја бранеше својата одлука како одлука која е во најдобар интерес за помирување меѓу политичките партии, крајно јасно е дека вистинската мотивација е да се уништи Специјалното јавно обвинителство, коешто беше основано токму за таа цел, да ги истражува наводите за корупција на високо ниво. Последните изјави на лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, во кои ја осудува работата на Специјалната обвинителка, е уште еден доказ за таквата намера и претставува уште едно директно прекршување на Договорот од Пржино“, пишува Фуере.

Поврзани новости