ДОМ апелира меѓународната заедница да не воведува санкции

by Фокус

ДОМ изразува длабока загриженост поради најавите од претставници на ЕУ и САД  дека на Македонија ќе и се воведат санкции со одземање на препораката за членство и безвизниот режим, стопирање на финансиската помош преку европски фондови и Светска банка и ред други казни.

„Тоа не само што не води кон решение на политичката криза, туку ќе значи неправда кон македонските граѓани. Зошто камшик по сите, поради грев на поединци? Граѓаните бараат правда, а ќе добијат неправда!“, соопштија од ДОМ.

ДОМ апелира до претставниците од меѓународната заедница наместо да преземаат  неселективни санкции кои ќе ги засегнат недолжните граѓани, да ја помогнат борбата на демократските сили здружени околу Платформата за демократска Македонија, со цел фер и демократски избори.

Поврзани новости