Оваа коалиција на Обединети за Македонија, на ВМРО – НП и на Достоинство е коалиција на ВМРО за Македонија , рече Ден Дончев, шеф на изборниот штаб, кој беше поздравен со громогласен аплауз.

„Создадовме коалиција на луѓе кои во најтешките моменти за Македонија ги презедоа најтешките чекори“, рече Дончев.

Тој додаде дека главните цели на оваа коалиција ќе бидат пораз, на како што истакна , криминализираното и корумпирано раководство на ДПМНЕ, но и демократизирање на Република Македонија, враќање на правото, економски напредок….

„Чест ќе ми биде да соработувам со премиерот во чие време најдобро се живееше и со министерот кој ни остави целосно одврзани раце во одбраната на Македонија“, рече лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов.

„Заедно со нив ќе го срушиме режимот на Никола Груевски кој се дрзна да ги тужи воените инвалиди и загинатите бранители, а ги амнестираше припадниците на УЧК“-рече Ангелов.

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски на промоцијата на коалицијата „ВМРО за Македонија” изјави дека денеска се обединуваат по трет пат за Македонија, откако тоа прво го сториле за независна и самостојна Македонија, а потоа за одбрана на државата.

„Денес Македонија и изворните основи на ВМРО се загрозени и затоа потребни сме и на Македонија“, порача тој.

Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-НП, истакна дека времето созреало за создавање трета опција која, според него, е потребна за создавање на демокатска Македонија.

„Немојте оваа коалиција да ја гледате низ призма на ВМРО и СДСМ, туку како автентична опција која е отворена за изворните вмровци, но и за луѓе од центарот и левицата“, изјави Георгиевски.

В.С.

14958877_10210080465395765_1485871996_n

14914742_10210080465915778_1792389857_n-1

 14958709_10210080477276062_1736463269_n

14958855_10210080480156134_6419237_n14962507_10210080466475792_126521392_n

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.