Непознати лица спречија герила акција за Талески

by fokus

Транспарент со натпис „Парите ќе ги вратиш” им бил одземен на активистите на Левица за време на полагањето цвеќе пред Споменикот на НОБ во Битола по повод Денот на ослободувањето од страна на битолскиот градоначалник Владимир Талески, јави СДК.

Левичарите планираа транспарентот да го оптегнат додека битолскиот градоначалник полагаше цвеќе. Но, велат дека биле попречени од непознати лица кои им го зеле транспарентот. Тие се прашуваат чие обезбедување било тоа зашто не било општински.

Поврзани новости