СДСМ: Спасов испрати порака дека очекува законите да не важат исто за сите

by fokus

Преку нарачаното интервју во кое наместо извинување и чувство на вина и срам, граѓаните слушнаа филмски конструкции, Спасов испрати порака дека очекува законите да не важат за сите подеднакво, реагираат денеска од СДСМ.

-Ако Диме Спасов се однесувал неодговорно на очиглед на јавноста, пред неговата сопатничка и полицијата, ако терал лице лажно да се претставува за возач, возел службено возило надвор од работно време, ставал гориво со пари од Буџетот, тогаш што уште правел Спасов на штета на граѓаните? Уште во колку скадали е вклучен Диме Спасов за кои јавноста не знае? Граѓаните со години му ги доверуваат своите деца на Спасов кој се покажа како непресметлив и несовесен човек. Но тој не само што не призна вина и не се покаја за скандалот во кој трескаше возила на граѓани, а можеа да бидат и деца, туку од ден на ден се повеќе лаже. Ваков човек никогаш повеќе не смее да биде во близина на нашите деца, велат од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека законите мора да важат за сите подеднакво, а Диме Спасов ќе мора да се соочи со сопствената одговорност.

Поврзани новости