Фирма блиска до Николовски купува дрва за 10 пати поевтино, обвини Трипуновски

by Фокус

ЈП Македонски шуми оваа година не обезбеди ниту 20 отсто од потребната дрвна маса за домаќинствата, а ја вивна и цената на дрвната маса во плафон, што резултираше со поскапување на цената и на пелетите, истакна Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта и во пелетите власта виде бизнис, па гледаме како се распродава дрвна маса по цена 10 пати пониска цена од пазарната на фирми блиски до власта, за истите потоа да направат пелети и да инкасираат милионски добивки. ЈП Македонски шуми склучила фирмата Еко Лајф ДООЕЛ за сеча во Свети Николе, фирма која важи за блиска до Љупчо Николовски. Со овој договор ЈП Македонски шуми продава 3.165 метар кубен дрвна маса по цена за метар кубен од 300 денари за чемпрес и 525 денари за црн бор – рече Трипуновски.

Доколку власта навистина водеше грижа за граѓаните, додаде тој, тогаш ова дрво ќе го понудела на граѓаните со ниски примања.

-Но, очигледно е дека на власта не и е приоритет народот кој не може да си купи дрва и едвај преживува, туку бизнисот и процентите. Имено, вкупната цена на дрвната маса од договорот е 1.578.250 денари за 3165  кубни метри, и според пресметките ќе се добие околу 650.000 килограми пелет. Ако оваа количина ја помножиме со цена од 30 денари за килограм пелет доаѓаме до сума од 19.500.000 денари. Дополнително, истата фирма има добиено договор за сеча во Делчево за 35.000 метри кубни дрво, од што би се добиле над 7 милиони килограми пелети, или ако се земе во предвид дека просечната цена на еден килограм пелет е околу 30 денари, фирмата ќе инкасира над 200 милиони денари – рече Трипуновски.

Тој го повика Јавното обвинителство да отвори случај и да утврди зошто ЈП Македонски шуми не обезбедило доволно дрвна маса во своите складишта?

Поврзани новости