Филипче: Обезбедуваме дополнителен број кревети за да не дојдеме во ситуација да нема слободен кревет

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 24 потенцираше дека има слободни кревети за заразени со корона вирус, а дополнителни капацитети се обезбедуваат за да не дојде до ситуација да нема слободен кравет.

-Во моментов немаме експоненцијален раст. Точно е дека имаме зголемување на бројот на заразени. Гледајќи како се движи епидемилошката крива беше донесена мерката за полициски час. Тоа што сега обезбедуваме дополнителен број кревети, значи дека се прави прераспределба. Има слободни кревети, но сакаме да бидеме подготвени да не дојдеме во ситуација да нема слободни кревети. Во овој момент согласно сегашнта динамика на прием на пациенти, има одличен менаџмент. Не ја исклучуваме можноста за карантин. Но, што е логиката и очекувањта? Според статистиката, и возрасната структура на новозаразени, младите луѓе се еден голем трансмитер на вирусот. Исклучителна е важна личната одговорност. Сметам дека до почеток на следната недела имаме простор да ги еваулираме сегашните мерки, односно полицискиот час, рече Филипче.

Поврзани новости