ФФМ донираше три амбулантни возила на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

by Fokus

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила набавени за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека федерацијата на ваков чекор се одлучила имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници.

„Едноставно, ова е време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба“, – изјави Сејдини.

 

Поврзани новости