Евакуиран израелски град на границата со Либан

by Fokus

Израел нареди евакуација на жителите на градот Кирјат Шмона, на северот од земјата блиску до границата со Либан, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана. Кирјат Шмона има повеќе од 20.000 жители и е на околу два километри од граничната ограда.

Либанската армија денеска соопшти дека еден новинар е убиен во пукање во близина на границата со Израел. Израелската војска објави дека нејзините сили целеле на инфраструктурата на Хезболах и погодиле три лица кои се обиделе да истрелаат противтенковски ракети врз Израел.

Што се однесува до обвинението на либанската армија за убиството на новинарот, велат дека го истражуваат случајот.

Хезболах потврди дека истрелал ракети врз израелските позиции во селото Манара, на што Израелците одговориле со гранатирање.

Портпаролот на мировните сили на ОН во Либан, Андреа Тененти, рече дека еден цивил е убиен во престрелката.

Поврзани новости