ЕУ: Во Виена ќе се спасува Пржинскиот договор

by Фокус

На лидерската средба со Виена ќе бара спас, почитување и имплементација на договорот од Пржино, а не постигнување нов договор за излез од политичката криза, велат од ЕУ за МИА.

– Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на договорот од Пржино и со реформските приоритети за да покажат волја да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат – изјавиле од Унијата.

Првите луѓе на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, добија покана од еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан во петок да се сретнат во главниот град на Австрија.

Поврзани новости