Во Злокуќани ќе никне мал медицински град

by fokus

По подолго време консултации Владата одлучи новиот Клинички центар сепак да не се гради на местото на сегашниот, туку на нова локација во Злокуќани, во близина на специјалната болница во Бардовци.

Како што информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, на ова место ќе никне мал медицински град. Освен Клинички центар, предвидено е изградба на медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина.

-Постојат одредени финансиски обврски согласно претходно потпишаниот договор за изградба на Клиничкиот центар, но Владата ќе се обиде да се договори ново решение и да не се плаќаат пенали – изјави министерот.

Според Владата сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.

Поврзани новости