Мицковски на средба со Борисов и Дол: Досега нема реформи во судството и поддршка за економијата

by Фокус
На покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Софија оствари средба со Борисов и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, како дел од активностите и засилената агенда на Бугарија во рамките на претседавањето со Европската унија.
На средбата, велат од ДПМНЕ, се разговарало за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија. Притоа, Мицковски нагласил дека стратешки приоритет преставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која, според него, треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок.
-Потребни се клучни подобрувања пред се реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде за жал досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување на квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество – истакнал тој.

Поврзани новости