Тортевски: Поради инцидентот со Миле и Спиро, Унгарија може повторно да одбие екстрадиција на Груевски

by fokus

Адвокатот, Александар Тортевски, смета дека инцидентот што се случи во притворското одделение во затворот во Шуто Оризари, во кој беа вмешани поранешните минстри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, може негативно да се одрази на барањето на Македонија за екстрадиција на екс премиерот, Никола Груевски.

Обвинителката, Вилма Русковска, најави дека ќе го прошири барањето за екстрадиција на Груевски, откако екс премиерот се најде меѓу осомничените за организација на упадот во Собранието. На Груевски сега му се препишува посериозно кривично дело, односно дека е организатор на терористичко загрозување на уставниот поредок.

Унгарија ќе треба да одлучи дали да екстрадира осомничен за тероризам, а инцидентот во затворот, вели Тортевски, може да биде само аргумент кој му оди на Груевски во прилог. За потсетување како причина зошто беше одбиено претходното барање за екстрадиција, беа лоши услови во затворите во Македонија.

-Секако дека инцидентот може да влијае и затоа сите опции треба да се земат во предвид при истрагата, од загрозување на нивните животи до сценарио кое можеби било изрежирано за да се оправда одбивањето на екстрадицијата. Според мене најголема грешка на овие поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што од многу луѓе направија непријатели – вели Тортевски.

Поврзани новости