Тарчуловски спроведен од куќен притвор во Обвинителство да даде исказ

by fokus

Од куќен притвор денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција е спроведен пратеникот Јохан Тарчуловски, пренесува „24 вести“

Според неофицијалните информации, тој треба да даде исказ во врска со настаните во Собранието што се случија на 27 април, кога беа повредени пратеници и новинари.

Апелациониот суд вчера донесе решение со кое ја отфрли жалбата Тарчуловски да биде пуштен од куќен притвор.

Поврзани новости