Шапуриќ по грешка бил ставен на веб страната на „Мултикултура“, велат од невладината

by fokus 22:24
22:24

Министерот без ресор Зоран Шапуриќ бил по грешка ставен на веб страната на невладината организација „Мултикултура“ и од таму јавноста е доведена во заблуда дека министерот бил член на Управниот Одбор, објаснуваат од здружението откако ВМРО-ДПМНЕ со неколку прес конференции ја обвинуваше власта за корупција со тврдењето дека невладина на Шапуриќ добивала средства од Министерството за одбрана и Министерството за труд и социјална политика.

Шапуриќ денеска и директно му се обрати на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

- Advertisements -

„Вистината е како шило, излегува на виделина- НИКОГАШ НЕ СУМ УЧЕСТВУВАЛ ВО ОДЛУЧУВАЊЕ НА БИЛО КОЈ ОРГАН НА МУЛТИКУЛТУРА, НЕ СУМ ОСНОВАЧ ПА ДУРИ НИ НАЈОБИЧЕН НА МУЛТИКУЛТУРА“, напиша тој откако „Мултикултура“ го објавија својот деманти.

Во деманторот здружението наведува дека Шапуриќ никогаш не бил член на Управниот Одбор, никогаш не се потпишал на некаков документ поврзан со организација и дека не учествува на било каков состанок на „Мултикултура“.

„Воедно, ние потврдуваме на јавноста дека во минатото е направен технички лапсус на нашата веб-страна, каде што по техничка грешка било ставено името на Зоран Шапуриќ. Доколку овој лапсус предизвикал несакани ефекти на Министерот Зоран Шапуриќ , тогаш ние му се извинуваме на Министерот! Од нашите транспарентни објавени, секогаш, информации на нашата веб-страна, може лесно да се види дека Мултикултура аплицирала и добивала проекти наменети за организации, доделени од сите досегашни владини структури во државата, вклучувајќи ја и актуелната опозиција! Потврдуваме дека ние се стремиме да ги реализираме нашите цели, визија и мисија, и во склоп со истите ќе продолжиме, како и досега, да аплицираме во сите јавни повици, биле тие од владини структури, интернационални организации и фондации, и слично“, велат од „Мултикултура“.

 

Поврзани новости