Рот: Не сум сигурен дека Македонија денеска ќе добие зелено светло, но се надевам

by fokus

Министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи Михаил Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот вели дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.

Нагласи дека стабилноста, мирот и демократијата на Западен Балкан е клучна за сите во ЕУ.

– Затоа високо ги цениме напорите што ги преземаат и Македонија и Албанија за зајакнување на владеењето на правото, независно судство, борбата против корупцијата, рече министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи.

Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.

Поврзани новости