Адвокатите бараат шанса да станат судии

by Fokus

Академијата за судии и јавни обинители е промашена работа и на добрите од адвокатурата треба да им се отвори врата за работи во правосудна функција, рече адвокатот Валентин Зафиров, во вечерашната дебата „Том тема“ на Телма, коментирајќи го барањето и адвокатите да станат судии по скратена постапка.

Со спротивен став адвокатот Дељо Кадиев кој вели дека Академијата не е промашена работа, туку е европски проект.

„Поборник сум на идејата адвокатите, па дури и стручните соработници во судовите, многумина имаат добро искуство и во судовите и во јавните обвинителства нив треба да им се овозможи во една скратена потапка да се здобијат со можноста да вршат судска функција“, рече Кадиев.

Поврзани новости