Ердоган: Турција ќе ја продолжи борбата против ИД по повлекувањето на САД од Сирија

by fokus

Турција ќе ја продолжи борбата против џихадистичката група Исламска држава во Сирија откако САД ќе ги повлечат своите војници, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Ние ќе работиме според нашите планови за да ги елиминираме останатите елементи од ИД во Сирија, како што разговаравме со американскиот претседател Доналд Трамп, истакна Ердоган.

– Ние ја одложуваме нашата воена операција во источниот дел на реката Еуфрат додека не видиме какви се резултатите од одлуката на Америка да ги повлече своите трупи од Сирија, нагласи Ердоган, додавајќи дека тоа нема да биде бесконечен период на чекање.

Претходно денеска Ердоган истакна дека Турција ќе ја одложи планираната воена операција во Сирија и ја поздрави одлуката на Вашингтон да ги повлече своите војници од Сирија.

Поврзани новости