Експлозија на муниција на Крим

by fokus

Во северниот дел на Крим експлодираше складиште за муниција, јави во вторник руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на управата на селото Мајское.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема „сериозни“ жртви во експлозијата во Мајско, пренесе државната новинска агенција РИА.

Претходно во вторникот, РИА, исто така, извести за пожар во трафостаница на Крим на 20 километри од селото.

Крим, кој е под руска контрола од 2014 година, иако поголемиот дел од светот го признава како украинска територија, беше главната почетна точка за воената кампања што Русија ја започна во Украина на 24 февруари.

Украина официјално не ја потврди или негираше одговорноста за експлозиите што се случија на Крим во последните денови.

Поврзани новости