Екс тренер на Црвена ѕвезда во преговори за наследник на селекторот Благоја Милевски

by Fokus

Црногорскиот стручњак Миодраг Божовиќ – популарен како „Гроф“ е во преговори со Фудбалската федерација на Македонија за да ја преземе македонската фудбалска репрезентација.

Доколку се постигне договор, Божовиќ ќе ја преземе селекторската палка од Благој Милевски, пренесува црногорски „Вијести“.

Божовиќ во текот на својата тренерска кариера водеше многу клубови, Будуќност, Грбаљ, Борац од Чачак, Црвена звезда, московските гиганти Динамо и Локомотива, Ростов, Крила Совјетов, Арсенал од Тула и други.

Еднаш со „црвено-белите“ ја освои српската Суперлига.

Претходните години Македонија направи вистински фудбалски бум – нашата земја беше учесник на ЕП 2020 година, а во плеј-офот за СП во Катар ја елиминира Италија, за на последниот чекор да биде запрена од Португалија.

Од споменатиот период се памети и победата над Германија во Дизелдорф, но се чини дека во последните квалификации за ЕВРО 2024 почна пад, па ФФМ очигледно реши да му се заблагодари на Милевски.

Нашата селекција досега забележаа победа над Малта (2:1), па доживеа пораз од Украина во Скопје со 3:2 (по водство од 2:0), додека на „Вембли“ доживеа катастрофа од Англија (7:0 ).

Поврзани новости