Екс директорка на еврејско училиште во Австралија силувала ученички

by Fokus

Екс директорката на еврејско женско училиште во Австралија – Малка Лејфер (56) е прогласена за виновна за сексуално злоставување на две сестри кои биле ученички во нејзиното училиште. Таа е осудена по 18 обвиненија, меѓу кои и силување на сестрите Даси Ерлих и Ели Сапер, пишува „Sky News“.

Лејфер беше ослободена од девет обвиненија, вклучително и пет обвиненија поврзани со сексуалната злоупотреба на Никол Мајер, третата сестра на силуваните девојки.

Лејфер ги малтретирала Ерлих и Сапер меѓу 2003 и 2007 година, во училиштето за девојки во Мелбурн. Таа била една од најистакнатите личности во еврејската заедница во Мелбурн.

Обвинителот рекол дека Лејфер имала сексуални преференции кон тинејџерките и дека ја искористила нивната ранливост и незнаење за сексуалните прашања, но и нејзиниот авторитет.

На судењето кое започнало во февруари, таа се изјаснила за невина по сите 27 точки од обвинението.

За време на судењето било кажано дека малтретираните сестри пораснале изолирани во ортодоксна еврејска заедница и дека немаат никакво сексуално образование.

Кога Лејфер почнала да предава во училиштето во 2001 година, девојчињата биле на околу 12, 14 и 16 години.

Поврзани новости