Продала куќа за да добие стан, па останала на улица

by Fokus

СВР Тетово информира дека во полициска станица бил повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година со закани ја измамил да ја продаде својата куќа.

Лицето од Стримница, според пријавата, со закани изнудил жената да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и за пари.

Но, според пријавеното, таа ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости