Бугарија: Шест партии во парламентот, прва е ГЕРБ-УДФ на Бојко Борисов

by Fokus

Врз основа на 99,06 отсто од преброените гласови на неделните предвремени парламентарни избори во Бугарија, во Собранието влегоа шест партии, а прва по бројот на гласови е сојузот ГЕРБ-УДФ, соопшти денеска Централната изборна комисија.

Според податоците од пладневните часови, ГЕРБ-УДФ, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, освоила 26,57 отсто од гласовите, а на второ место е сојузот Продолжуваме со промени – Демократска Бугарија со 24,66 отсто, пренесе агенцијата БТА.

Следува Вараждане со 14,22 отсто, Движење за права и слободи со 13,39 отсто, БСП за Бугарија со 8,97 и на крај Таков народ (ТИСП) со 4,13 отсто.

Поврзани новости