Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

by fokus

Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава во 04:30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на с. Српци.

Како што информираа од МВР,  се судриле патничко возило „бе-ем-ве“, со охридски регистарски таблички, управувано од А.Р. (42) од Охрид и патничко возило „киа соренто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (25) од Скопје.

Возачот на возилото „бе-ем-ве“, А.Р., починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила Р.С. (36) од Охрид, сопатничка од истото возило, а вториот сопатник во возилото Е.С. (41) од Охрид се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „киа соренто“, Т.К.

Поврзани новости