Мртва жена најдена на споредна улица во Гостивар

by fokus

Тело на жена со засега непознат идентитет утринава било забележано на една споредна улица во Гостивар, по што била повикана полицијата.

МВР информираше дека случајот бил пријавен утрово откако случаен минувач ја забележал жената како лежи неподвижна на крак од улицата „Иво Лола Рибар“.

Увидот е во тек, а се работи и на утврдување на идентитетот на жената.

Поврзани новости