Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите во случајот со родилката Веапоска

by Fokus

Судот донесе одлука да се направи супервештачење за случајот со родилката од Дебар, Јалдз Веапоска која по породувањето во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Со тоа ќе се утврдува одговорноста на лекарите.

Оваа одлука на судот следи поради неусогласувањата на вештите наоди од Судска медицина и она на одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.

Веапоска уште еднаш се пожали дека целиот случај влијае многу лошо врз нејзиното здравје како физички и психички.

Новото судско рочиште е закажано на 3 јуни.

Поврзани новости