ВМРО-ДПМНЕ: Надвор од човечкиот разум, Шекеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, дека државните пари ги троши расипнички и за луксузирање.

-На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со коешто раководи Радмила Шеќеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00денари, односно околу 80.000 евра. Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст. Па ова го нема никаде почитувани граѓани. Со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за брзо време ќе ја испразнат државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Пари за покачување на пензиите на пензионерите, нема. Скратија 1.5 милијарди денари за образованието. Пари за покачување на просечната плата нема, а има за морски плодови, апетисани, лешници, саксиски цвеќиња и многу други непродуктивни работи од кои граѓаните немаат никаква придобивка, рече Милош Милошовски од ВМРО ДПМНЕ.

 

Поврзани новости