Една седмица по смртта на својата мајка, внуката на Јулија застана на сцената: Галеб за нашиот ангел!

by Fokus

Стефанија Начевска, ќерка на уметничката Андријана Мациев (42), која почина минатата недела по тешката битка со канцерот, вчера собрала сили и застанала на сцената, појавувајќи се во претставата „Галеб“ од Чехов, во Театар Комедија.

Таа професионално ја одиграла улогата на Нина, а Јулија објави дека се гордее со својата внука од ќерката единица. -Синоќа на даските што живот значат, Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величенствена како вистински галеб, во претставата „Галеб“ од А. П. Чехов.

Стефанија оваа улога и претстава ја играше и ја посвети на својата мајка Андријана, за нашиот ангел небесен. Благодарност до целата екипа за претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување – порача Јулија.

Инаку, Стефанија е студент на ФДУ, а Јулија секогаш со гордост раскажува за неа. Андријана пак, која речиси две години храбро се бореше со болеста, животот го посвети на ликовната уметност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости