Избоден малолетник во Гостиварско, таткото на напаѓачот реагирал

by Fokus 17:35
17:35

Вчера попладне, било пријавено дека малолетник со нож повредил друг малолетник кој веднаш бил хоспитализиран, информираат од МВР.

„На 18.05.2022 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварски Сенокос малолетник од селото со остар предмет повредил друг малолетник од истото село, кој бил пренесен во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар за укажување на лекарска помош, а подоцна во Полициската станица родител сам го донел неговиот син кој го извршил нападот. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости