Поранешната српска снаа промовираше нова трудничка мода на Канскиот фестивал

by fokus

Отворањето на Канскиот филмски фестивал секогаш е популарно поради модните хирови кои холивудските ѕвезди ги промовираат на црвениот тепих.
На 74-та манифестација по ред, голем број на убавици ги покажаа своите смели модни креации, а како една од најзабележителните беше манекенката Андријана Лима.

Поранешната српска снаа, односно екс сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, се појави во долг црн фустан на Балман.
Тоалетата напред имаше рез, преку кој Лима гордо го покажуваше откриениот труднички стомак, позирајќи заедно со своето момче Андре Лемерс.

Слична трудничка мода изминатиот период промовираше и музичката ѕвезда Ријана, која се појавуваше во креации со разголен стомак.

Инаку, ова ќе биде трето дете за популарната манекенка, која од бракот со кошаркарот ги има ќерките Сиена и Валентина.

Парот беше во брак пет години, а по разводот Јариќ изјави дека верува како нивното детство нема да биде лесно, бидејќи се деца на најубавата жена на светот и на успешен спортист.

Вики Клинчарова

Поврзани новости