Двајца пешаци настрадаа вчера на скопските улици

by fokus

Двајца скопјани на возраст од 27 и 28 години се здобиле вчера со тешки телесни повреди откако биле удрени од возила додека преминувале улица.

27-годишниот В.Р. бил удрен вчера утрината околу 9.00 часот во близина на трговскиот центар „Веро џамбо“, а од страна на патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.С. (64). Во незгодата В.Р. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Подоцна дента, околу 17.00 часот, се случила втората сообраќајна незгода на улицата „Љубљанска“. Според полицијата патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (53) од Скопје удрило во пешакот И.Б. (28) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Тој со истото возило, од страна на М.С., бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што по укажаната лекарска помош, бил задржан на понатамошно лекување.

Поврзани новости