32-годишна жена почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, шест лица се повредени

by fokus

Жена на возраст од 32 години и подлегнала на повредите по сообраќајната несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, која се случи вчера околу 18.00 часот. Во близина на клучката за селото Камењане се судрија две патнички возила, „Опел корса“ со тетовски регистерски таблички и „Форд куга“ со швајцарски таблички.

Во несреќата, возачот на „Корсата“, 37-годишниот В.С. и неговата сопруга Е.С. се здобиле со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде Е.С. починала. По укажаната лекарска помош, В.С. бил префрлен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди, се здобиле пет сопатници во „Корсата“ на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница,  а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

 

Поврзани новости