Двајца бугарски државјани приведени поради „неовластено снимање“ пред Собрание

by fokus

Поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено снимање“, на 23 јануари 2019 година, од слобода биле лишени Т.Т. (52) и Т.П.Б. (45), двајцата од Република Бугарија, информираат од МВР.

Т.Т. и Т.П.Б. биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено снимање“, односно дека неовластено фотографирале странска делегација која влегувала во Собранието.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.

Поврзани новости