Лекари и здравствени работници заразени со морбили

by fokus

Со морбили се заразиле и четворица лекари, медицинска сестра и вработен на шалтер  во Клиниката за детски болести, информираа од Институтот за јавно здравство.

Сите заразени со морбили се од Клиниката за детски болести, а една медицинска сестра е од Институтот за белодробни заболувања во Козле и имале директен контакт со заболени деца. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна и во моментот се наоѓаат на домашно лекување.

Докторот Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје апелираше да се вакцинираат сите невакцинирани или непотполно вакцинирани, и тоа не само децата, туку и возрасните, бидејќи епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција.

Поврзани новости