Дваесетгодишно момче почина во сообраќајка кај Смилковци, уште двајца малолетници потешко повредени

by Fokus

Дваесетгодишно момче почина при удар во бетонски столб на стариот пат од село Стајковци кон смилковци, информираа од МВР.

Според полицијата, ноќеска во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с.Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, соопшти денеска МВР, возачот починал на местото на настанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје.

Поврзани новости