Дупката во ПИОМ го јаде државниот буџет

by fokus

Дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување продолжува да се зголемува, а дефицитот се пополнува со пари од државниот буџет.

За навремена исплата на пензии, во 2017 година е предвидено да се префрлат дури 832 милиони евра од буџетот. Згора на тоа е предиведено и зголемување на пензиите за 5 проценти, почнувајќи од ноемвриската пензија, со исплата во декември 2016та година.

Ова е најавено во предлог буџетот за 2017 година кој наскоро ќе се најде на собраниска седница.

Лани, за да се покрие пензискиот дефицит беа префрлени 791 милиони евра од буџетот, а имаше и зголемување од пет проценти.

Инаку, неодамна и Светка Банка и Меѓународниот монетарен фонд алармираа дека македонскиот пензиски фонд е неодржлив на долг рок.

Светска банка посочи дека пензискиот фонд е доведен во опасност, поради новите вработувања со последните владини мерки.

Во извештајот се нотира дека дури 89 отсто од новокреираните работни места се со фискален стимул. Само во минатата година од 21 илјада нововработени дури 18.700 работни места биле стимулирани од Владата.

Кај овие работни места работодавецот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки, па дефицитот во ПИОМ се пополнува со буџетски пари.

Поврзани новости