Да и помогнеме на Маја!

by fokus 14:38
14:38

На новинарката Маја Велјановска, која што боледува од канцер на коските и е потребна помошта од хуманите луѓе. За лекувањето на клиниката Герсон во Унгарија, на Велјановска и се потребни 15.000 евра, средства кои што самата не е во состојба да ги обезбеди.

Голем број новинари, нејзини поранешни колеги и фоторепортери покренаа неколку хуманитарни акции, на кои што со продажба на нивни фотографии и се помага на Маја, која што е мајка на две ќерки и сопруга, а пред се голем борец кому што во моментот треба да му се подаде рака.

- Advertisements -

thumbnail_maja-v3

Наредната хуманитарна акција насловена како ,,Купи слика – подари момент“, ќе се случи во сабота со почеток во 12 часот, во ланџ-баротБастионна улицата „Ленинова“, со делата на фотографот Горан Десковски. Минатата недела, свои фотографии во хуманитарна акција донираше Јасна Суша.
Сите кои што сакаат да и помогнат на четириесет и три годишната Маја, можат да донираат на следната жиро сметка:

 210 700000633061 Тутунска банка, за Маја Велјановска, со назнака донација.

 Маја и стана позната на широката јавност со своите интересни интервјуа со естрадни личности пред петнаесеттина години, во македонското издание на магазинот ,,Свет“, кое што згасна пред неколку години.
Вики Клинчарова
 

Поврзани новости