Утрово пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, блиски роднини на Љубе Бошковски

by Fokus

Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, во него пукал непознат, кој со мотор се движел во близина на семејната куќа во Лисиче. Нашите извори тврдат дека таткото на исчезнатиот Самиол  непосредно пред пукањето бил пред пицеријата во близина на куќата, кај што живеел.

Во моментот е префрлен во болница.

Полицијата веќе е излезена на терен.

Веќе неколку месеци нема ни трага, ни глас од исчезнатиот Самоил, кој е внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски.

Поврзани новости