Државна матура ќе полагаат над 15 илјади ученици

by Фокус

Првиот од двата екстерни предмета за државната матура, мајчин јазик и литература, 15.620 пријавени ученици ќе го полагаат денеска.

Од овие пријавени ученици, 6.750 се од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, соопшти Државниот испитен центар.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, учениците екстерно полагаат два предмета, два интерно и проектна задача.

Задолжителен испит за сите е мајчиниот јазик. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.768 кандидати, албански јазик и литература 4.380, а 357 турски јазик и литература.

И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик и тоа 13.922. Француски јазик ќе полагаат 29 кандидати, германски јазик 122, а Руски само 17 кандидати.

Математика оваа година ќе полагаат 1.397 кандидати, Филозофија 7 и Естетика 81 кандидат.

Поврзани новости