СНС избира ново раководство – кој ќе го наследи Вучиќ?

by Фокус

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на митинг во Белград соопшти дека повеќе нема да биде претседател на СНС.

-Ова е последната вечер кога ќе ви се придружам како претседател на СНС – рече Вучиќ на митингот во Белград.

Тој кажа дека од денеска Српската напредна странка ќе има некој друг на чело, а тој ќе биде само „претседател на сите граѓани“, а не претседател на политичка партија.

Српските медиумите објавуваат дека воопшто нема да се избира еден претседател на партија, туку дека со партијата ќе раководи колективно тело составено од три или пет члена.

Меѓу кандидатите кои неофицијано се споменуваат прв како најсигурен е министерот за одбрана Милош Вучевиќ, а во колективното тело би можеле да бидат министерот за финансии Синиша Мали и премиерката Ана Брнабиќ.

Иако Брнабиќ важеше за еден од кандидатите, сепак, некои членови на СНС се повеќе веруваат дека таа ќе се откаже од трката по нејзините недамнешни јавни настапи.

Поврзани новости