ДОМ: Дали луѓе на власта имаат лична корист од рушењето на паркот во Тафталиџе?

by fokus

Од партијата за Демократска обнова на Македонија реагираат дека кривичните пријави против граѓаните што го бранат паркот во Тафталиџе се неправедни и недемократски. Истовремено тие изразуваат сомнежи дека зад битка за уништување на паркот лежи личен интерес на високи функционери од власта.

– На каков и чиј јавен интерес се повикуваат општината Карпош и Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор? Или интересот на овие сегашни жители на Тафталиџе не претставува јавен интерес за овие институции? Ако е така, тогаш чиј јавен интерессакаат да заштитат институциите? На некој инвеститор кој веќе ја пресметал добивката од изградбата на уште една чир-зграда? На оние десетина семејства што ќе купат станови  доколку се изгради планираниот објект на маркицата? По кои критериуми ќе бидат привилегирани новите, на сметка на старите жители на Тафталиџе? И конечно, дали зад сева оваа бескомпромисна битка за уништување на паркот не лежи сосем приземен личен интерес на грст високи функционери од власта?, се вели во соопштението на ДОМ.

Од партијата потенцираат дека ДУП-овите ги носат луѓе и тие истите, или некои други, може да ги сменат, доколку постојат објективни причини за тоа.

-Јавниот интерес на граѓаните на Тафталиџе 1 да живеат во поздрава и похумана животна средина е доволна причина за промена на ДУП-от! – порачаа од ДОМ.

Поврзани новости