И Мендух Тачи в понеделник на распит во СЈО

by fokus

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи во понеделник е свикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство, објави САКАМДАКАЖАМ.мк.

Тачи бил повикан во својство на сведок во предистражна постапка а за истрага која произлегува од прислушуваните разговори кои минатата година беа објавени од страна на опозицијата.

Освен него, во понеделник на разговор е свикан и лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, а неофицијално на распит треба да се појави и членот во Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.

Поврзани новости