Доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан, рече Рускоска

by fokus

Обвинителката, Вилма Рускоска, одби да сподели со јавноста дел од доказите во истражната постапка која се води против петмина организатори на упадот во Собранието. Освен исказот на обвинетиот, Александар Василевски Нинџа, се друго е тајна во оваа фаза од постапката, рече таа.

-Според законот за кривична постапка истрагата е тајна, не можеме сега да презентираме докази, освен изјавата на обвинет која е јавно дадена – рече Рускоска.

Според неа доколку не биле отворени вратите на Сорбанието, крвавиот четврток немало да се случи.

Рускоска додаде дека ќе биде побарана екстрадиција на Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, и на Никола Бошковски, кој се наоѓа во бегство во Грција.

-Како и за Н.Г. сметам дека надлежните органи во Грција ќе удоволат на барањето за екстрадиција на нашите надлежни органи. Тие екстрадицијата ја одбија затоа што за тоа веќе бил помилуван, но за ова кривично дело не е помилуван и очекувам властите во Грција да одговорат позитивно на нашето барање – рече обвинителката.

Поврзани новости