Дино паркот и на дожд преполн со посетители

by Fokus

Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина и покрај дождот на вториот ден од неговото отворање е преполн со посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат.

-Дино паркот има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини само 50 денари, а досега според нашите проценки го посетиле над 5500 граѓано, велат за „Фокус“ од ЗОО Скопје.

Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Дополнително во Дино паркот функционално се распоредени и придружни елементи – патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Дино парк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни и еден од најзелените тематски паркови во Европа, со засадени над 300 садници на ниски и на високостеблести растенија.

 

 

 

Поврзани новости