Димовски: Ако формираат некаква влада без наша согласност ќе има последици

by fokus

Ако опстојат на одлука да формираат некакво мнозинство и некаква влада без ВМРО-ДПМНЕ треба да се свесни дека тоа носи последици, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по прекинувањето на координативната средба за продолжување на конститутивната седница на собранието.

-Следните чекори ќе бидат во насока на зачувување на нацоналните интереси. Доколку некој мисли дека може на сила да постапува треба да е свесен за последиците, изјави Димовски и додаде дека било пракса претседател на Комисијата за избори и именување да биде од пратеничката група која освоила најмногу мандати.

Тој кажа дека доколку некој мисли со сила да изгласа претседател на комисијата ќе си ги сноси последиците. На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори „ќе видите во моментот“.

Поврзани новости