Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу членови, сега бара и претседател на Комисијата

by fokus

Оливер Спасовски од СДСМ по прекинувањето на координативната средба изјави дека откако прифатиле ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена во Комисијата за избори и именување, партијата на Никола Груевски побарала да има и претседател во Комисијата.

-Завршивме со координацијата за денес, нема поместување во однос на деблокирањето на институциите. Побаравме да продолжи седницата со 67 потписи од пратеници. ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија. Не сака да функционира Собранието со цел да си ги зачуваат сопствените места, изјави Спасовски.

Тој објасни дека Собранието бира кој ќе биде претседател, кој заменик претседател, а кој ќе бидат членови во Комисијата, онака како што е пропишано во Деловникот.

Поврзани новости