366
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашната дебата со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозицијата нема конзистентен став за референдумот.
-Овде е многу тешко да се коментира ставот. Сакаме ЕУ, сакаме НАТО, не сакаме. Велат чекаме од граѓаните став, а во меѓувреме нивни пратеници се изјаснуваат дека нема да гласаат за уставните измени. Тоа е еден неконзистентен став. Ајде да се преброиме, да излеземе на референдумот. Каде е одговорнсоста на опозијциата ако се пропушти оваа шанса. Ако продолжиме да ја чуваме ваква Македонија, за четири години ќе нема кој да не гледа на телевизија, рече Димитров.