Димитров: Договорот со Бугарија е усогласен

by Fokus

Македонија и Бугарија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Ројтерс.

– Постигнавме компромис за текстот. Потпишувањето на договорот за добрососедство ќе ја зголеми довербата меѓу нас, ќе покаже дека сме сериозни и дека сакаме да создаваме пријателства во регионот, вели Димитров.

Шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија сака подобра соработка и со Грција, а во тој контекст била и неговата неодамнешна посета на Атина. Нагласува дека на средбите во Атина предложил Грција да дозволи Македонија да се приклучи кон НАТО под привремената референца, а да продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение за прашањето за името.

– Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате – вели Димитров.

Поврзани новости